image test

 

 

Кои сме ние?
ДЛ Конкорд е водечки дистрибутер во Македонија на угостителска опрема. Преку својот изложбен салон во Скопје  ги опслужуваме нашите регионалните клиенти, а преку дистрибутерите, нашите производи можат да се најдат и низ цела Македонија. Нашите посветени и професионални вработени, нашата целосна линија на производи, како и нашето тежнеење кон најдоброто, не направија водечка независна фирма во Македеонија, кога станува збор за угостителската опрема.

 

Што работиме?
Во ДЛ Конкорд нудиме целосен асортиман на производи и сервиси за да ги задоволиме сите Ваши потреби од угостителската опрема. Располагаме со енормно голем број на високо – квалитетни производи од познати производители, а сево ова за неверојатно прифатливи цени. Како и во секој бизнис, нашиот успех зависи единствено од Вас. Го уважуваме многу Вашето мислење, Вашите потреби, па затоа слободно контактирајте со нас на било кој начин, а ние ќе одговориме на Вашите барања во најкус можен рок.

 

Славејќи 25 години
ДЛ Конкорд е основан во 1990 година за да и служи на угостителската дејност во Македонија. За овие 25 години прерасна во водечки дистрибутер при снабдувањето на хотели, ресторани, барови и институции во нашата земја.  Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во годините што доаѓаат.